Поврзете се со нас

Светски првенства

Дугари за херојот од сенка на Французите: Тој е микс од Зидан и Платини

Објавено

на

Франција се соочува со Мароко во второто полуфинале на Светското првенство, меч на кој ако победат „триколорите“ ќе се пласираат во ново финале во кое за ривал ќе ја имаат Аргентина.

Оваа средба се игра вечерва од 20 часот и во истата момците на Дешамп ќе влезат како фаворити, но во нико случај не смеат да ги потценат Мароканците кои на овој турнир покажаа цврста, борбена, агресивна игра и затоа се тука каде што се.

Во пресрет на овој дуел како еден вид на најава свој збор имаше поранешниот репрезентативец на Франција,  Кристоф Дугари кој го издвои играчот од ислкучително значење, играчот кој има голема заслуга за досегашните резултати на турнирот. Тоа не е ниту Мбапе, ниту Жиру, ниту Рабио туку Гризман кој перфектно се снајде во новата улога на средината на теренот.

-Гризман е едноставно исклучителен од почетокот на натпреварувањето. Понекогаш го сметам како Зидан. Секогаш го има вистинскиот тон, вистинско додавање. Искрено мислам дека репрезентацијата на Франција не би била иста без него. Честопати ни недостасува ритам во нашата игра; нема многу интензитет. Ама штом Антоан ќе ја допре топката, тој дава ритам на додавање, на визија. Тој има микс од Зизу и Платини, -вели Дугари.

Антоан има 3 асистенции и има создадено 17 шанси на турнирот со што е само зад Меси (18).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни