Поврзете се со нас

Репрезентација

Драстичен рез на Брестовац во новиот список за ЕХФ неделата: Со Кире, но без другите стандардни репрезентативци

Објавено

на

Селекторот на сениорската ракометна репрезентација на Македонија, Данило Брестовац го објави списокот за ЕХФ неделата во која ќе одиграме две тест средби.

На списокот се наоѓаат 20 ракометари предводени од капитенот Кире Лазаров кој ќе биде присутен на собирот кој е закажан за почетокот на годината.

Меѓу 20те ракометари преовладуваат оние кои се натпреваруваат во домашниот шампионат, а ги нема стандардните репрезентативци Столе Стоилов, Борко Ристовски, Гоце Георгиевски, Велко Маркоски и Дејан Манасков.

Освен повиканите 20 ракометари има и четворица млади играчи кои ќе бидат резервна опција во списокот.

Собирот е закажан за 3 јануари, а репрезентацијата на Македонија ќе одигра два натпревари од затворен карактер против селекцијата на Чиле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни