Поврзете се со нас

Свет

Незадржливот Шортс го растури евролигашот Асвел (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/cesaremilanti

Ти-Џеј Шортс игра уште една брилијантна сезона, овојпат во дресот на Париз со кого веќе го освои Еврокупот, па сега фокусот е насочен кон домашниот шампионат.

И таму македонскиот репрезентативец блеска, а последна жртва му беше евролигашот Асвел. Париз како гостин славеше со 86-66 во кој улогата на лидер ја имаше Ти-Џеј кој беше најдобар на паркетот со 24 поени, 6 скока и 4 асистенции.

Покрај него двоцифрени во победничкиот тим беа Хифи со 17 и Си со 10 поени, па така сега клубот од француската престилнина со учинок 22-7 е на второто место на табелата зад Монако со 28-4.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни