Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Драма во групата Х: Оздоев со „бомба“ ги шокираше Кепа и Тухел, Јувентус профитираше (Видео)

Објавено

на

Групата Х доби навистина драматичен расплет во последното натпреварувачко коло, кое иако се очекуваше да биде мирно, на крајот донесе голема возбуда на два стадиони.

Јувентус го победи Малме со 1:0 и фановите на италијанскиот тим беа разочарани се до 94-та минута, кога пристигна одлична вест од Русија каде силите ги одмерија Зенит и Челси.

Зенит одигра чесно и покрај тоа што немаше шанси за пласман во осминафиналето, но на крајот пресуди кој тим ќе патува како првопласиран, а кој како второпласиран. Челси направи пресврт и водеше со 2:3 во Санкт Петербург до самата завршница, но тогаш на сцена стапи Оздоев кој постигна фантастичен гол за 3:3.

Со овој гол, Челси од првото падна на второто место во групата Х, а како победник излегува Јувентус кој сега ќе добие второпласиран ривал во осминафиналето.

Голот за Јуве против Малме го постигна Кеан, додека пред мајсторијата на Ерокин, стрелци за Зенит беа Клаудињо и Азмун, додека кај Челси најдобар беше Вернер.

Германецот постигна два гола и еднаш асистираше до Лукаку, но неговата брилијантна партија беше расипана во завршните минути.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни