Поврзете се со нас

Германија

Дортмунд го уништи Волфзбург и остана во игра за пехарот во Бундеслигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/BVB

Борусија Дортмунд е сосема поинаква, постабилна екипа кога игра на домашен терен и тоа уште еднаш го потврди денеска каде го прегази Волфзбург со 6-0 во последната средба од 31. коло во Бундеслигата.

„Милионерите“ беа под притисок со оглед на тоа што вчера Баерн Минхен беше подобар од Вердер во Бремен, па се освен три бода на „Сигнал Идуна Парк“ ќе беше неуспех и може да се каже крај на трката за пехарот.

Меѓутоа избраниците на Терзиќ покажаа моќ, знаење и им одржаа вистинска лекција на „волците“ кои да не заборавиме се борат за излез во Европа. Аделеми, Але и Мален стрелаа во првото полувреме, Белингем (2) и Адејеми во второто полувреме со тоа што Карим и не реализираше пенал за хет-трик.

Дортмунд сега има 64 бода или еден помалку од лидерот Баерн. Во следното коло тие ја дочекуваат Борусија Менхенгладбах, додека „баварците“ имаат соочување со Шалке.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни