Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ се посрамоти и не реализираше зицер, Шек му фати сеир на интернет (Видео)

Објавено

на

Лука Дончиќ издоминира во секој поглед на вчерашниот меч во Орландо и со 34 поени, 20 скокови и 12 асистенции испиша историја во НБА лигата, но во драматичната победа која ја оствари неговиот тим над Сакраменто, Словенецот се најде и во ситуација во каква ретко се гледа.

Покрај историскиот рекорд и маестралниот дриблинг во дуелот со Џозеф, Дончиќ на овој натпревар изрежира е една урнбесена сцена, кога не реализираше акција во која можеше и само лесно да положи.

Словенецот се одлучи за забивање, а кога сите очекуваа да впише нови поени, тој наиде на пречка и топката се одби од обрачот.

Во наредните неколку секунди, акцијата на Сакраменто брзо беше прекината, а тоа му овозможи на Дончиќ слатко да си се изнасмее за својата неверојатна утка.

По крајот на средбата, голем сеир на Твитер му фати и Шекил О’Нил, а симпатичниот Дончиќ сам го сподели неговиот пост.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни