Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ се погрижи за историја во НБА, но и за потег по кој противникот не знаеше каде се наоѓа (Видео)

Објавено

на

Далас МАверикс ја оствари првата победа по продолжението на сезоната во НБА лигата, пред се благодарение на неверојатниот Лука Дончиќ кој оваа вечер беше исклучително расположен во Орландо.

Во еден крајно возбудлив и неизвесен натпревар, Маверикси ја однесоа победата во дуелот со Сакраменто, но дури откако беа одиграни дополнителни пет минути игра.

Мечот во регуларниот дел заврши 95:95, со тоа што мора да се напомене дека Сакраменто беше поблиску до триумф, но не ги реализираше своите шанси и на крајот скапо го плати тоа. Во регуларниот дел, Дончиќ постојано го одржуваше својот тим во игра, па така се избори за историски подвиг, односно учинок за паметење.

Лука го заврши мечот со 34 поени, 20 скокови и 12 асистенции, па стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата кој завршил натпревар со барем 30 поени, 20 скокови и 10 асистенции.

Страшниот трипл-дабл Словенецот го надополни и со еден бравурозен дриблинг во четвртата четвртина, по кој противникот Џозеф не знаеше каде се наоѓа на теренот.

Дополнителните пет минути игра му припаднаа на Далас со 19:15, па Маверикси запишаа прва победа со конечни 114:110.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни