Поврзете се со нас

Олимписки игри

Дончиќ правеше чуда на теренот, Словенија го урна светскиот шампион (Видео)

Објавено

на

Лука Дончиќ без никаков сомнеж е играчот кој засега покажува најдобри индивидуални перформанси на Олимписките игри, уште повеќе ако се знае дека ѕвездата на Далас Маверикс игра тимска кошарка и во секој момент се обидува да ги разигрува своите соиграчи во кои неизмерно верува.

Словенија денеска ја оствари третата победа на олимпискиот турнир, и тоа не против било кој противник. Словенците денеска беа подобри од актуелните светски шампиони, моќните Шпанци кои не успеаја да се снајдат баш најдобро во последниот период.

„Фуријата“ ја диктираше играта и имаше минимално водство по три четвртини, но во одлучувачките моменти, подобро се снајде селекцијата во која клучен беше магионичарот Дончиќ.

Лука одигра извонреден меч на тимски план и заврши со 12 поени, 14 скокови и 9 асистенции, па на крајот му фалеше само едно додавање за да стигне до трипл-дабл учинок. Без оглед што не дојде до тоа, до израз дојдоа неговите кошаркарски вештини во секој поглед, вклучувајќи ја и одбраната на денешниот меч.

Дончиќ имаше едно извонредно додавање од своја половина и ефективно кратење на противнички напад зачинето со атракција, па токму поради тоа одново го украде шоуто на средбата која заврши со 95:87.

Инаку, во словенечкиот тим најефикасен беше Чанчар со 22 поени, Тоби и Препелиќ уфрлија по 16 и 15, додека кај Шпанците најдобар беше Рубио со 18 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни