Поврзете се со нас

Франција

Донарума се исповеда и откри што правеле разбојниците додека бил врзан во својот дом во Париз

Објавено

на

Џанлуиџи Донарума и неговата вереница вчера имаа непроспиена ноќ во Париз, а причина за тоа беше филмската кражба на која биле жртви во три часот по полноќ.

Како што открија француските и италијанските медиуми, голманот на ПСЖ бил соблечен и врзан од страна на разбојниците, кои потоа побарале да им биде кажано каде се сите важни предмети и скапоцености, кои достигнале вредност од 500 илјади евра.

Донарума и неговата девојка Алесија го пријавиле случајот во полиција во 3 часот и 30 минути по полноќ, откако успеале да стигнат на безбедно до еден близок хотел во предградието на Париз.

– Нема ништо полошо од тоа да се најдете со непознати луѓе во својот дом во 3 часот по полноќ. Јас бев врзан, а Алесија беше приморана да им даде се што беше вредно за нас. Не можам да ви откривам премногу детали, се уште има отворена истрага и сега треба да одам во полиција за да го реконструираме случајот.

– Ова утро, јас и мојата вереница моравме да го напуштиме станот во кој престојуваме и привремено ќе бидеме во хотел. Стравот беше навистина толку голем, уште повеќе поради тоа што бев врзан и се плашев за Алесија. Јас бев немоќен, врзан и не можев да направам ништо. Не зборувам доволно добро француски и не можев да им објаснам на разбојниците каде се важните работи, па тоа ја направи ситуацијата уште посложена. Алесија беше преплашена до смрт, но беше блиску до нив и мораше да им предаде се. Тоа беа моменти на терор, посебно се плашев за неа, се плашев дека можат да ја повредат, – открива Донарума во интервјуто за „Либеро“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни