Поврзете се со нас

Формула 1

Доменикали испрати сериозно предупредување до Ферари пред враќањето во Формула 1

Објавено

на

Стефано Доменикали во овој момент е главен оперативец на Ламборгини и врши сериозна функција во познатата италијанска автомобилистичка компанија, нешто што не е никаква новост за искусниот Италијанец кој претходно долги години се носеше со притисокот да биде лидер на Ферари.

Доменикали беше тимски шеф на тимот од Маранело во Формула 1 од 2008-ма до 2014-та година, а како човек кој имаше шестгодишен стаж во „најбрзиот циркус“, сега испрати едно сериозно предупредување до актуелните водечки луѓе во Ферари.

Тоа го прави во моменти кога треба и официјално да ја преземе функцијата на претедател во Формула 1 со почетокот на наредната натпреварувачка сезона, во која според него Ферари мора да има далеку поконкурентен болид од оној кој апсолутно разочара во изминатите неколку месеци.

Доменикали кој ќе го наследи Чејс Кери на местото претседател во Ф1, во интервјуто за „Газета“ потенцира дека италијанската гордост мора брзо да реагира, бидејќи во спротивно ризикува да го загуби суперталентираниот Шарл Леклер.

– Во фабриката мора напорно да работат, мора да осмислат и да направат брз болид во блиска иднина. Во тој случај, нема од што да се плашат, бидејќи се добро покриени. Така нема да го загубат Леклер, но ако се случи спротивното и повторно лутаат, тој ќе ја загуби вербата во нив и ќе си бара нова средина, – порача Доменикали.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни