Поврзете се со нас

Формула 1

Поранешниот тимски шеф на Ферари назначен за нов претседател на Формула 1

Објавено

на

Формула 1 сезоната се очекува да биде далеку поинтересна наредната сезона со неколкуте промени во тимовите кои веќе се најавија, но од денеска стана познато дека најбрзиот циркус на светот од 2021-ва година ќе има и нов претседател и извршен директор.

Оваа двојна функција ќе ја извршува Стефано Доменикали, искусниот Италијанец кој ја напушта функцијата главен оперативец на Ламборгини за да се врати во опкружување кое и тоа како му е познато.

Ламборгини потврди дека Стефано ја напушта својата функција во компанијата за да стане претседател и извршен директор на Формула 1, натпреварување во кое е надалеку познат, бидејќи беше тимски шеф на Ферари од 2008-ма до 2014-та година. По крајот на својата авантура во Ферари, Доменикали привремено работеше во Ауди, но две години подоцна, се префрли во Ламборгини, компанија која се води под иста групација (Фолксваген).

Либерти Медија исто така потврди дека Доменикали го наследува Чејс Кери на најодговорната функција во Формула 1, а Италијанецот не го крие задоволството од враќањето во спортот.

– Навистина сум пресреќен што се враќам во Формула 1 организацијата, спорт кој отсекогаш бил дел од мојот живот. Јас сум роден во Имола и живеам во Монца, со нетрпение чекам да стапам во контакт со тимовите, промотерите, спонзорите и сите партнери во Формула 1 за водење на бизнисот во вистински правец, – изјави 55-годишниот Доменикали.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни