Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ се врати на терен, Хувентуд освои нови бодови

Објавено

на

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, им се врати на обврските во дресот на Хувентуд, а неговиот тим славеше над Сарагоса (88:81).

Димитријевиќ успешно ја доби битката со коронавирусот, по што доби дозвола да им се приклучи на соиграчите, а тоа се случи на натпревар од шпанското првенство.

Нашиот кошаркар помина 19 минути на теренот, постигна 5 поени, а забележа и 4 асистенции во триумфот на неговата екипа над Сарагоса.

Убедливо најдобар поединец на теренот бил Лопез-Аростеги со 28 поени и 9 скокови.

За Хувентуд ова е осма сезонава во шпанската лига, што засега е доволно за делба на четвртото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни