Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ одново се најде во тимот на неделата во ВТБ лигата (ФОТО)

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Плејмејкерот на Уникс Казањ и воедно македонски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ одново се најде во тимот на неделата во ВТБ лигата.

Димитријевиќ игра одлично во дресот на Уникс и во повеќе наврати сезонава е во одбрано друштво, па така е и овојпат за периодот од 22 до 28 јануари.

Во тој период актуелниот шампион славеше над МБА Москва и Автодор Саратов, средби во кои Нено имаше супер учинок и просек од 21 поени, 4 скока и 4,5 асистенции.

Покрај него во петорката се најдоа Вер од ЦСКА Москва, Марчјук од Локомотив Кубањ, Мартин од Енисеј и Соломон кој настапува за Парма Перм.

foto: vtb-league.com/en/

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни