Македонија
Дибиров и Талески несопирливи, Вардар прв финалист во Купот

Ф4 турнирот во Куп завршницата започна со дуелот меѓу Вардар и вториот тим на Еурофарм Пелистер, па иако на моменти беше навистина изедначено, на крајот до израз дојде квалитетот на фаворитот.
Македонскиот првак и лидер на табелата во домашното првенство покажа класа и искуство кога беше најпотребно и на тој начин оствари победа со која го завери местото на завршниот меч.
Вардар е првиот патник во финалето во Купот, натпреварување кое оваа година се игра во Кавадарци во познатата сала „Јасмин“ која е домаќин на возбудливите случувања.
Младите играчи од Битола во неколку наврати дојдоа на само минус еден и не користеа напади за израмнување, па така Вардар завршниот удар го зададе на десетина минути пред крајот кога поведе со највисоки плус пет (24:19).
Ова беше најава дека Вардар оди во финалето, а на крајот конечниот резултат гласеше 28:24. Најзаслужни за славјето на „црвено-црните“ беа Дибиров и Талески кои беа креатори на дури 19 од 28 гола за Вардар, односно Русинот постигна десет, а македонскиот бек девет. На спротивната страна, Ѓукиќ и Петровиќ постигнаа по шест гола.
-
Англијапред 16 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Германијапред 14 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Македонијапред 9 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Шпанијапред 16 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 15 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 13 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Англијапред 13 часа
Марез промаши пенал за победа на Сити, Ливерпул се уште е во игра за трофејот во ПЛ (ВИДЕО)