Поврзете се со нас

Свет

Ди Марија не е повикан за репрезентацијата на Аргентина, па го крена гласот: Зошто тогаш Меси е тука?

Објавено

на

Фудбалерот на ПСЖ, Анхел Ди Марија по подолг период не доби повик во репрезентацијата на Аргентина.

Причината за оваа одлука на селекторот е наводната смена на генерации и обидот да се внесе свежа крв меѓу гаучосите.

Ваквиот изговор го налути Ди Марија кој го крена својот глас и со јасен коментар излезе во јавноста.

– Ако гледаме реално, зошто Меси е тука? Зошто се повикани Агуеро и Отаменди? Ни тие не требаше да се викнат ако вистина има смена на генерации.

– Имам 32 години и можам да продолжам да играм на високо ниво. Не можам да разберам зошто не добив повик во репрезентацијата, никогаш не ми дадоа вистинско објаснување.

– Изгледа повеќе не ме сакаат таму, а јас нема за што да молчам и не сакам да молчам, – изјави лутиот Ди Марија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни