Поврзете се со нас

Италија

Ди Марцио: Јувентус и Валенсија се поблиску до договор за трансфер

Објавено

на

Валенсија се обидува да состави поконкурентен тим за новата сезона, а раководството мора да ги слуша и препораките на новиот тренер Џенаро Гатузо.

Една од желбите на Италијанецот е Артур, играчот за врска кој не се наметна како прв избор во Јувентус, а таквиот статус го прави и достапен за другите клубови како што е Валенсија.

Добро информираниот Џанлука Ди Марцио денеска тврди дека двата клуба ги приближиле позициите во преговорите и уште нареднава недела се очекува потврдување на веста дека Артур повторно ќе настапува во Ла Лига.

Бразилецот дојде во Јувентус од редовите на Барселона, а останува да се види дали ќе биде договорен класичен трансфер или заем со обврска за откупување на договорот.

Артур ќе биде вториот играч од средниот ред кој ќе го напушти Јувентус летово, откако Арон Рамзи веќе предвреме го раскина договорот со италијанскиот состав.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни