Поврзете се со нас

Англија

Дембеле отворен за трансфер во Премиер лигата

Објавено

на

Францускиот интернационалец, Усман Дембеле воопшто не се изнаигра во Барселона каде почесто е во болничка постела отколку на зелените терени.

Токму затоа од „каталонскиот клуб“ не се убедени дека фудбалерот има иднина на „Камп Ноу“ па ќе се обидат да го продадат уште во јануарскиот преоден рок.

Тим кој се очекува да инвестира многу во засилување на своите редови е Њукасл кој доби богати сопственици кои нема да штедат пари за да го подигнат реномето на клубот.

Еден од играчите кои биле следени бил токму и Дембеле кој според „Goal“ бил отворен за премин на „Сент Џејмс Парк“.

Инаку, Дембеле се уште го нема продолжено договорот со Барселона, па голема е веројатноста тој да си оди  од клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни