Поврзете се со нас

Шпанија

Де Јонг доби сериозна навреда пред тренинг центарот на Барселона (Видео)

Објавено

на

Барселона се уште го бара вистинскиот рецепт за да го реши административниот проблем, бидејќи на три дена пред почетокот на новата сезона, каталонскиот великан се уште ги нема регистрирано новите засилувања.

Едно решение е намалување на платите кое тешко оди со одредени ѕвезди во тимот, а второто е продажбата на Френки Де Јонг, која во моментов исто така се наоѓа во ќор-сокак поради желбата на играчот да остане на „Камп Ноу“.

Холанѓанецот веќе имаше неколку преговори со Лапорта во кои одби значително намалување на платата за да бидат регистрирани други фудбалери, а бидејќи се ближи почетокот на сезоната, нервозни стануваат и фановите.

Лапорта смета дека има „ас во ракавот“ и дека може да го реши проблемот со ново интерно рефинансирање, но реалноста вели дека навивачите веќе се свртеа против Де Јонг кој вчера добил и сериозни навреди.

– Намали си ја платата пи..о, – му порачува еден фан на Де Јонг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни