Поврзете се со нас

Англија

Де Бур за тоа дали Ван Дајк ќе игра на ЕП: Сигурно е во дилема, треба…

Објавено

на

Вирџил Ван Дајк е во „аут“ скоро цела натпреварувчка сезона или поточно од 17 октомрви кога настрада на градската пресметка против Евертон во Премиер лигата.

Имаше проблем со лигаментот на коленото по што беше подложен на хируршки зафат по кој го започна процесот на рехабилитација. Тој се уште се нема вратено за терените, поточно да е во конкуренција за мечевите за Ливерпул и останува под знак прашалник дали ќе биде подготвен за Европското првенство во кое неговата Холандија е заедно во група со Македонија, Украина и Австрија.

Холанѓаните секако се надеваат дека стоперот ќе биде фит, меѓутоа и селекторот Франк Де Бур е свесен дека тоа не е лесна одлука пред се за Ван Дајк кој долго време не е во натпреварувачки ритам.

-Мислам дека тој треба да одлучи, тоа е неговата кариера. Можам да замислам дека е во дилема. Може ли тоа нешто да значи за Холандија? Се надевам дека направил огромни чекори во неговата рехабилитација, -вели Франк за „ЕСПН“.

ЕП е на програмата од 11 јуни до 11 јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни