Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Де Брујне и Марез со супер голови донесоа голема победа за Манчестер Сити против ПСЖ (Видео)

Објавено

на

Екипите на ПСЖ и Манчестер Сити одиграа одличен натпревар во кој на двата тима му припаднаа по едно од полувремињата, а на крај на победа се радуваше гостинот од Англија кој славеше со 2:1.

Домаќините беа подобри во првото полувреме во кое успеаја да постигнат и погодок преку Маркињос кој со глава го матираше Едерсон. Со 1:0 се замина на пауза, а во вториот дел на теренот подобар беше тимот на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ со два одлични гола на Де Брујне и Ријад Марез направија целосен пресврт и со победа се враќаат во Манчестер каде во вторник ќе бидат домаќини на ПСЖ во реваш пресметката.

Маурисио Покетино за реванш натпреварот нема да може да смета на Идриса Гана Геје кој на овој натпревар заработи директен црвен картон по опасниот старт врз Гундоган.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни