Поврзете се со нас

Македонија

Давидовски ја комплетираше најуспешната сезона во ТЦР Европа со екипна титула!

Објавено

на

Последниот гран при викенд од трките во европското ТЦР првенство се одржа во Барселона, а донесе промоција на Франко Џиролами во нов шампион, откако лани му беше најголем конкурент на Микел Аскона.

Воедно, тимот „Comtoyou Racing“ за кој возат Џиролами, македонскиот возач Виктор Давидовски и Том Коронел, ја потврди титулата во екипна конкуренција, и тоа на впечатлив начин со 1-2-3 победа во последната трка.

Виктор Давидовски го освои престижниот трофеј „Дајмонд“ како најдобар возрасен возач, кој се доделува за натпреварувачите над 40 години, но во Барселона имаше технички проблеми со возилото.

На тренинзите механичарите се сомневаа во скршен амортизер, за подоцна откако во квалификациите возилото на Давидовски доцнеше по секунда во секој сектор, беше дијагностициран проблем со сопирачките. Тоа му овозможи на македонскиот возач во првата трка да стартува од 20 место и да се пласира пет позиции погоре, додека во втората трка покажа дека има потенцијал за висок пласман кога возилото е во ред и напредуваше од 20 до 9 место.

– Ќе се вратиме посилни,- изјави Давидовски за „Дерби“ по тешкиот викенд во Барселона.

Со вкупно 169 бода Давидовски е на 12 место во индивидуалниот пласман, а ова е негова најуспешна сезона, во која стана и првиот Македонец што победил на трка од ТЦР Европа, на вториот гран при викенд во Франција. Дополнително, првата титула во екипна конкуренција ја заокружува успешната приказна на Давидовски во 2022 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни