Поврзете се со нас

Светски првенства

Далиќ: Не сме полоши од Аргентина, ние сме на добар пат до златото

Објавено

на

Репрезентацијата на Хрватска го освои третото место на Светското првенство што е уште еден извонреден успех на оваа држава на најголемата фудбалска сцена.

Хрватите на два Мундијали во низа се меѓу трите најдобри селекции на светот што доволно говори за нивниот квалитет, континуитет, желба за успех. Хероите се вратија дома каде беа пречекани од голем број на луѓе, а селекторот Злато Далиќ амбициозно најави дека во иднина ќе се обидат да го освојат и златото.

-Не очекувавме толкав број луѓе, ладно е, оваа бронза е како злато, ова е она што е Хрватска, ова е Хрватска од нашите и моите соништа. Заедништво, љубов, благодарение на играчите, тие се направија. Сакам да продолжиме вака, да продолжиме вака да живееме заедно, очигледно е дека ова не обединува, сакам да продолжиме во истиот правец. Ова не може да се плати. Ова е најдобрата работа на светот. Тоа го може само Хрватска. Ќе одмориме малку, а потоа квалификациите, -рече Далиќ и додаде:

-Реков во 2018 година дека ќе биде тешко ова да се повтори и тоа се повтори пред време, жал ми е што не сме први бидејќи не сме ништо полоши од Аргентина. На добар пат сме до златото, но многу работи треба да се стават на свое место. Ништо не е невозможно, Бог ќе те награди ако си чесен, трудољубив, вреден, -заклучи Златко за ХРТ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни