Поврзете се со нас

Евролига

ЦСКА доминираше против Реал, Олимпијакос победи во Берлин

Објавено

на

ЦСКА Москва го доби евролигашкото дерби со Реал во Мадрид (89:96), со што на најдобар можен начин ја прекина лошата серија во која врза два пораза.

Рускиот претставник во третиот период имаше и 20 поени предност, па беше јасно дека е блиску до триумф, додека единствено што успеа да направи Реал Мадрид, е да ја спушти негативата на подносливи седум поени до крајот на дуелот.

Клајбрн со 23 и Џејмс со 22 поени го предводеа тимот кој победи на шпанско тло, додека кај Реал, Томпкинс реализираше 20 поени.

Гостинска победа оствари и Олимпијакос кај Алба (80:84), најмногу благодарение на личниот рекорд на Бугаринот Везенков кој постигна 31 поен на оваа средба.

Басконија победи како гостин кај Зенит (75:79), додека единствената победа за домашните екипи беше таа на Фенербахче, кој беше навистина убедлив во дуелот со Жалгирис (84:61).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни