Поврзете се со нас

Балкан

Црвена Звезда купува фудбалски бисер од таборот на Работнички

Објавено

на

Најдобриот српски клуб во моментов, Црвена Звезда сериозно запнала во зимскиот преоден рок да донесе фудбалер на тимот на Работнички.

Станува збор за младиот, 18 годишен Лука Станковски кој е редовен во првиот тим на тимот од Дебар Маало оваа сезона.

Станковски кој на 2 септември стана полнолетен е еден од најдобрите играчи на Работнички и оваа сезона има постигнато четири погодоци и запишано две асистенции на вкупно 11 одиграни првенствени натпревари.

Станковски кој игра на неколку позиции во средината на теренот, а омилена му е офанзивен играч за врска е и репрезентативец на Македонија до 19 години.

За Станковски освен Црвена Звезда постои интерес и од уште неколку екипи од странство и речиси е сигурно дека тој ќе си оди од Работнички во зимскиот преоден рок.

Доколку се реализира трансферот на Станковски во Црвена Звезда која вчера обезбеди и европска пролет тоа ќе биде уште еден доказ дека Работнички е ризницата на млади таленти од македонскиот фудбал.

Минатото лето супер трансфер во Ростов реализираше Давид Тошевски, а се уште се памети и трансферот на Елиф Елмас во Фенербахче.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни