Поврзете се со нас

Германија

Цорк дециден: Санчо останува во Борусија и следната сезона

Објавено

на

Џејдон Санчо беше блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед, но овој трансфер нема да биде реализиран во овој преоден рок.

Барем така тврди спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк, кој вели дека англискиот интернационалец останува во Бундеслигата барем уште една сезона.

– Го планираме Санчо во нашиот тим и во новата сезона. Одлуката е конечна и мислам дека е одговор на сите шпекулации,

– Минатото лето ја адаптиравме неговата плата на игрите на теренот, па и го продолживме договорот до 2023 година, – изјавил Цорк денеска за германските медиуми.

Во Англија велат Манчестер Јунајтед може да ги премисли Германците, но проблем е фактот што и Јунајтед смета дека е неразумно да се потрошат 120 милиони евра за овој трансфер во тежок финансиски период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни