Поврзете се со нас

Германија

Чурлинов ја започна акцијата за чудесен пресврт, Шалке се врати во Бундеслигата! (Видео)

Објавено

на

Претпоследното коло во германската втора Бундеслига се покажа како одлучувачка станица за играчите на Шалке 04, кои по една сезона во понизок ранг, успеаја да го вратат тимот онаму кадешто припаѓа.

Германскиот фудбалски великан експресно се врати во Бундеслигата и вечерва ја завери промоцијата, такашто режираше чуденсен пресврт на домашен терен.

Фановите на „Фелтинс арена“ режираа вистински спектакл и дојде до екстаза на трибините на натпреварот против Ст. Паули, кој инаку започна многу лошо за Чурлинов и неговите соиграчи.

Двата гола на Матановиќ во првиот дел направија на паузата да се замине со резултат 0:2, но Шалке не се откажа и режираше магичен пресврт со помош на навивачите, но и благодарение на македонскиот репрезентативец.

Чурлинов директно учествуваше во два од трите гола во пресвртот на Шалке, бидејќи запиша асистенција за 2:2, а потоа и ја започна акцијата за режирање на комплетниот пресврт. Македонецот имаше клучно додавање до Тероде кој претходно намали на 1:2, а потоа ја стартуваше акцијата по која Залазар погоди за 3:2.

Шалке го обезбеди првото место на табелата пред последното коло во втората лига, во кое Хамбургер и Дармштад ќе се борат за второто место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни