Поврзете се со нас

Германија

Чупо-Мотинг ќе биде најголем добитник од актуелната сезона на Баерн

Објавено

на

Баерн Минхен остана без Роберт Левандовски, а привремено и без повредениот Садио Мане, па својата шанса ја искористи Ерик Максим Чупо-Мотинг.

Камерунецот стана еден од најважните играчи на Јулијан Нагелсман, а „Билд“ тврди дека максимално ќе профитира од ваквиот епилог.

Договорот на Чупо-Мотинг му истекува во јуни, а сега неговите агенти бараат многу поголема плата за едногодишно продолжување на соработката.

Наместо актуелните 3,5 милиони евра, напаѓачот со бонуси може да стигне до годишна заработка од 10 милиони евра, тврди германскиот медиум.

Во својата последна изјава и Хасан Салихамиџиќ истакна дека преговорите се во тек и се надева дека искусниот фудбалер ќе го продолжи договорот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни