Поврзете се со нас

Свет

Чист профит: Кјелце го доби гратис, па продаде поранешен вардарец без да одигра ниту еден меч (Фото)

Објавено

на

Кјелце ги потврди ангажманите на Беноа Кункуд, Недим Ремили и Сташ Скубе за наредната сезона, но сепак на крајот ќе остане без услугите на Словенецот, иако беше се договорено уште во месец август минатата година.

Самиот Сташ Скубе тогаш објави дека му се приклучува на амбициозниот проект на полскиот клуб по крајот на договорот со Мешков Брест, но сега дојде до драматичен пресврт на ситуацијата и трансфер во друг клуб.

Монпелје сериозно притискаше за ангажманот на искусниот Скубе и покрај договорениот трансфер во Кјелце, па на крајот, Полјаците попуштиле и се одлучиле за чиста заработка без да вложат ниту едно евро.

Скубе кариерата ќе ја продолжи во Франција и ставил потпис на тригодишен договор, но за откуп на ракометарот, Монпелје ќе исплати 200 илјади евра во каста на Кејлце, што е навистина многу за ракометни стандарди, особено ако се знае дека се работи за играч кој не одигра ниту еден меч за првиот тим.

Монпелје официјално се пофали со ангажманот на Словенецот и порача дека станува збор за тригодишен договор, а во официјалната вест потестува дека станува збор за играч кој беше дел од шампионскиот тим на Вардар кој ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни