Поврзете се со нас

Европски првенства

Червар: Јас навивам за Македонија, тоа е мојата втора татковина

Објавено

на

Овој месец стандардно е резервиран за големо ракометно натпреварување, па така годинава го имаме Европското првенство во Унгарија и Словачка од кое дел ќе биде и Македонија.

Нашите ракометари се во група со Данска, Словенија и Црна Гора, а тоа значи дека избраниците на Кире Лазаров ќе бидат на голем тест, односно пред нив е сериозен предизвик за да ја минат оваа почетна фаза.

Меѓутоа нашата селекција долги години е на најголемата сцена, па и покрај тоа што полека доаѓа до смена на генерации очекуваата се дека ќе бидеме конкуренти, сценарио во кое верува и големиот Лино Червар.

Некогашниот македонски селектор и екс тренер на Металург смета дека на никого нема даму биде лесно со Македонија предводена од Лазаров.

-Јас искрено ја подржувам мојата втора татковина Македонија. Мораме да бидеме објективни, македонската репрезентација минува низ промени, се случува смена на генерации. Тимот го предводи Кире Лазаров, најголема легенда во државата. Тоа е човек што го сакам и почитувам. Сите мора да го следат неговиот пример, тој е голем човек кој се грижи за се, блазе си им на оние што ќе имаат можност да работат со него.

-Тој е вистински идол, ракометар, пример како еден спортист треба да игра на терен и да се однесува надвор од него. Иако рано влезе во тренерски води, мислам дека има голем квалитет и тоа ќе го покаже. На никого нема да му биде лесно со Македонија, ниту на Словенија, ниту на Црна Гора, па ни на Данска, која веќе еднаш загуби од Македонија во квалификациите за овој шампионат, -истакна Лино за „Моцарт Спорт“.

Хрватот воедно смета дека нема фаворит за златото на престојното ЕП.

-Целиот свет живее во неизвесност поради пандемијата и таа може да ви ги одземе играчите во секој момент. Тешко е да се зборува за фаворити. На хартија, тоа се Данска, Франција, Шведска и Шпанија. Но, никој не е комплетен. Затоа на сите им посакувам пред се здравје и се надевам дека на ова ЕП ќе гледаме добар и квалитетен ракомет. Па, нека победи најдобриот, -порача Червар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни