Англија
Челси и Бенфика конечно се договорија: Енцо Фернандез за рекордна сума се сели на „Стемфорд Бриџ“

Премиерлигашот Челси дефинитивно ќе го добие засилувањето кое најмногу го посакуваше во овој преоден рок-тоа е аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез.
„Сините“ долго време инсистираа за ангажман на Енцо, најдобриот млад играч на последното светско фудбалско првенство во Катар. Бенфика долго време не противираше на оваа зделка или поточно сакаше да ја реализира само под нејзини услови и како што известуваат голем број на новинари, медиумски куќи двете страни конечно се договориле, подале рака за комплетирање на операцијата.
Трансферот ќе биде нов британски рекорд, 105 милиони фунти, а Енцо ќе потпише договор до 2030, 2031.
BREAKING! Chelsea have agreed a deal in principle to sign Enzo Fernandez from Benfica for £105m – a British record transfer 📝💰 pic.twitter.com/uN4ACpaddU
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 31, 2023
Со ова се става крај на една сага, драма која траеше во изминатиов месец и тоа во последните часови од зимскиот преоден рок.
Фернандез има 22 години и во досегашната кариера има настапувано уште за Ривер Плата и Дефенса Хустисија.
-
Македонијапред 8 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Англијапред 19 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Лига на шампионипред 6 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Германијапред 17 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 16 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 16 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 18 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……