Поврзете се со нас

Англија

„Чеканите“ на шопинг во Париз: Вест Хем се засили со германски репрезентативец (ВИДЕО)

Објавено

на

Премиер лигата е атрактивна за најголем дел од играчите, па така најнов член на истата е доскорешниот фудбалер на Пари Сен Жермен, Тило Керер кој потпиша за Вест Хем.

Германскиот репрезентативец ја прифати понудата на „чеканите“, па по четири години ќе има нова клупска средина.

-Многу сум возбуден што потпишав за Вест Хем. Ова е најдобрата лига во светот и возбуден сум што ќе дојдам да играм во Премиер лигата. Разговарав со менаџерот и тој ми кажа како ме гледа како се вклопувам во клубот.

-Мојата најголема цел сега е да влезам во тимот, да се интегрирам во групата и да уживам играјќи за Вест Хем, -порача 25-годишниот Керер за кого премиерлигашот ќе издвои 10 милиони фунти плус бонус.

Тило е шесто летно засилување за составот од Лондон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни