Поврзете се со нас

Шпанија

Чави за изненадувачкиот елемент од играта на Барселона: И тоа е дел од нашата ДНК

Објавено

на

Барселона во одлично расположение ќе го дочека мечот против Атлетик Билбао и тоа по двете средби на кои даде по четири гола на гостински терен, прво против Валенсија на „Месталја“, а потоа и против Наполи на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

На овие дуели можевме да видиме како Барса дава голови од контра напади што за многумина беше изненадување затоа што каталонците немаат таков стил, но тоа според тренерот Чави Ернандез е погрешно затоа што и таа фаза е дел од ДНК-ката на клубот.

-Реал Мадрид не фати на контри на еден натпревар, ние го направивме тоа со Наполи. Ова е исто така дел од нашата ДНК. Се сеќавам на Стоичков како даваше голови против високо поставена одбрана и Виља и  Анри. Ова е фудбал, се користи просторот, -вели Чави кој смета дека неговата екипа е подготвена за битка со Атлетик Билбао, тим кој ги еминираше во Купот на Шпанија.

-Ние сме поинаква состојба од последниот пат кога се соочивме со нив. Се подобривме во многу аспекти на играта, начините на движење на топката. Сега имаме и неколку различни играчи. Имаме самодоверба и напредуваме, но тоа мора да го покажуваме на секој натпревар. Атлетик го победи Реал Сосиедад со фантастичен резултат, -рече Чави во пресрет на мечот на „Камп Ноу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни