Поврзете се со нас

Шпанија

Чави воодушевен од играч на Барселона: Фановите го исвиркуваа, а сега…

Објавено

на

Барселона успеа да го добие тешкиот дуел со Реал Сосиедад во шпанскиот Куп, а единствениот гол го постигна Усман Дембеле.

Французинот уште еднаш го воодушеви и својот тренер Чави, кој не штедеше комплименти за крилниот напаѓач.

– Ова не е првпат Дембеле да одигра фантастичен натпревар.

– Тој е фудбалер кој напредува многу откако јас сум тука, поседува неверојатен потенцијал и затоа добива шанса.

– Дефанзивците секогаш имаат проблем да го запрат кога напаѓа, навивачите претходно го исвиркуваа, а сега е нивни херој.

– Што се однесува до ситуацијата на екипата, можам да кажам дека ги остваруваме целите. На крајот на јануари сме на врвот на Ла Лига, во полуфиналето на Купот и веќе го освоивме Супер купот, – изјавил расположениот Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни