Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чави верува во своите фудбалери: Не ни е потребно чудо

Објавено

на

Стратегот на Барселона, Чави Ернандез верува во своите фудбалери и е сигурен дека на вечерашниот натпревар против Баерн Минхен ќе успеат да се изборат за победа.

„Каталонците“ се пред таков победнички императив затоа што се освен три бода ќе значи збогување за нив од настапите во натамошниот дел од Лигата на шампионите.

Барселона мора да го победи Баерн, затоа што доколку Бенфика победи против Динамо Киев, а е голем фаворит за тоа, избраниците на Чави ќе останат без пласман во нокаут фазата поради подобриот меѓусебен скор меѓу португалскиот и шпанскиот тим.

– Се е во наши раце, ќе дадеме се од себе и ќе видиме што ќе биди. Не мислам дека ни е потребно чудо, ова е само еден натпревар во кој можеме да го победиме ривалот.

– Мора да бидеме трпеливи затоа што не чека противник кој во претходните натпревари беше подобар од нас, -изјави Чави кој потоа истакна дека треба да се потпрат самите на себе, а не да чекаат кикс на Бенфика против Динамо Киев.

– Мора да се потпреме на себе, а не на другите. САкам моите играчи да забрават се и да заборават на притисокот, а јас сум тука да помогнам, -заврши Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни