Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чави се одлучи за Педри во стартната постава, Луис Енрике направи три измени во тимот (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

На еден час пред реванш четвртфиналето во Лигата на шампионите, пристигнаа официјални информации за тимовите кои ги избраа Чави Ернандес и Луис Енрике, постави со кои двајцата стручњаци ќе бркаат влез во полуфиналето.

Барса влегува на мечот со предност од 3:2 и во моментов изгледа како тим кој е поблиску до целта, но Луис Енрике не планира да се откаже и тоа го потврди со трите измени кои ги направи во стартниот тим.

За разлика од пред една недела, Лучо во одбраната го врати Ашраф Хакими на местото на Бералдо, Заир Емери ќе игра на местото на Канг Ин во средниот ред, додека Баркола ќе го менува Асенсио во нападот.

На спротивната страна, Чави беше далеку позадоволен од тоа како одиграа неговите играчи на првиот меч, па во стартниот тим на Барса има само една промена.

Педри се враќа во стартната постава на местото на Серхи Роберто, а останатите 10 играчи се истите оние кои истрчаа на „Паркот на принцовите“.

Барса: Тер Штеген, Кунде, Араухо, Кубарси, Кансело, Де Јонг, Педри, Гундоган, Јамал, Рафиња и Левандовски.

ПСЖ: Донарума, Ашраф, Маркињос, Лукас, Мендеш, Заир Емери, Витиња, Фабијан, Дембеле, Баркола и Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни