Поврзете се со нас

Шпанија

Чави му испрати нова порака на Меси по емотивните сцени на „Камп Ноу“

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона лесно се справи со Мајорка и оствари рутинска победа од 3:0, триумф со кој им овозможи најдобро можно испраќање на двајцата легендарни капитени на првиот тим, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Двајцата денеска го одиграа последниот натпревар на домашен терен и добија специјални овации од трибините на „Камп Ноу“, па секако имаше и големи емоции и солзи на теренот.

Рамнодушен не остана и Чави Ернандес кој подели специјални комплименти за двајцата по крајот на мечот, но обраќањето пред новинарите го искористил за да испрати нова порака до Лионел Меси.

– Емотивно сум потресен од овациите за Бускетс и Алба, тие беа пример за сите и заслужија вакво испраќање. Алба е најдобриот лев бек кој е произведен во нашиот клуб, а Бускетс е најдобриот дефанзивен играч. Навистина се наежив од нивното исраќање, среќен сум за нив двајца, за сето она што го остварија за клубот.

– Меси? Тука нема што да се крие. Сите кои сме дел од Барса го сакаме Меси. Тој е најдобриот играч во историјата на фудбалот и сценариото зависи од него, од него зависи што сака и дали сака да биде со нас, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни