Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чалахонглу: Моравме да испратиме сигнал, оваа победа може да ја промени сезоната на Интер

Објавено

на

Интер издвојува победа над Барселона (1-0), а творец на истата беше турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу.

Чалханоглу беше најконкретен кон голот на Марк Андре Тер Штеген со тоа што неговиот обид во самиот финиш на првото полувреме заврши во мрежата на гостите, гол кој се покажа како доволен за три големи бода со кои Интер сега е на второто место во групата зад Баерн Минхен.

-Беше многу важно да славиме вечерва, моравме да испратиме сигнал пред се до навивачите кои се секогаш блиску до нас. Вечерва ни подадоа голема рака, докажавме дека ја заслуживме победата. Овој меч навистина може да не размрда и да ни ја промени сезоната, затоа што сакаме да се надоградуваме на неа.

-Што се однесува до пласманот во следната фаза, мораме да останеме смирени и да ги одиме натпревар по еден, -порача Хакан по вечерашното славје на „Џузепе Меаца“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни