Поврзете се со нас

Свет

Цепелинот на Димитријевиќ и Бако меѓу најдобрите потези на неделата во ВТБ лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и неговиот колега Исмаел Бако имаат еден од најдобрите потези на неделата во ВТБ лигата.

Димитријевиќ и Бако изведоа атрактивен цепелин во соочувањето со Парма Перм, Македонецот испрати топка која центарот ја заби во обрачот за ерупција на публиката во Казањ.

Оваа мајсторија се најде на седмото место на листата за периодот од 25 до 31 март, листа која ја предводи Винс Хантер со победничкиот кош во пресметката со ЦСКА Москва на Емил Рајковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни