Поврзете се со нас

Македонија

Бутел се засили со голман од Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Foto:facebook.com/RK Butel Skopje

Македонските суперлигаше воопшто не го трошат времето и брзо ги активираат своите планови кои ги имаат за новата сезона, па така ова попладне својот нов голман го претстави и РК Бутел.

Тимот од Скопје информираше дека добива нов чувар на мрежата за сезоната 2022-23, а постои можност договорот меѓу двете страни да биде продолжен за уште една сезона.

Станува збор за досегашниот голман на Еурофарм Пелистер, Филип Ивановски.

– Раководоството и стручниот штаб имаат сериозен и професионален пристап кој дава големи резултати, па Бутел секоја година се повеќе расте и се развива и станува клучен фактор во македонскиот ракомет. Со доаѓањето и играњето во овој клуб очекувам да ги покажам и надградам своите квалитети и заедно како колектив да напредуваме уште повеќе.

– Што се однесува до македонското првенство очекувам борба за врвот, а со тоа повторно излез на европска сцена, додека што се однесува до европските натпревари со добра ждрепка и малку среќа мислам дека можеме и до групна фаза, – вели Ивановски

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни