Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бурен старт на месец декември: Вардар ќе има две тешки гостувања во ЛШ во период од само три дена

Објавено

на

Вардар вчера не успеа да го поправи впечатокот и повторно загуби од Кјелце и во втората пресметка со полскиот ракометен великан, но составот предводен од Стевче Алушовски нема да има премногу простор за очајување, бидејќи згуснатиот распоред ќе биде уште понатрупан по денешната одлука на ЕХФ.

Македонскиот претставник ќе има бурно отворање на месец декември, бидејќи во период од три дена ќе има две исклучително тешки гостувања.

– Вардар 1961 ќе го одигра својот заостанат натпревар од ЕХФ лигата на шампионите против ПСЖ на 1 декември 2020 во Париз. Клубовите во соработка со ЕХФ договорија нов термин, откако претходно средбата беше одложена поради два случаи на заразени членови на Вардар, а беше планирана за крајот на октомври.

Со тоа ќе одиграме еден од трите одложени натпревари. Останува да се договорат дополнителните термини за дуелите со Елверум во Скопје и ПИК Сегед во Унгарија кои исто така беа одложени на почетокот на сезоната.

Истовремено направена е промена и на терминот за средбата со Порто, исто така гостински натпревар што сега ќе се одигра на 4 декември. Овој меч првично беше планиран за 3 декември. Но, откако беше договорено дека прво Вардар 1961 ќе игра во ПСЖ на 1 декември, договорено е средбата во Португалија да биде поместена за 1 ден, – гласи соопштението испратено од клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни