Поврзете се со нас

Англија

Бруно се обиде да им ги отвори очите на сите во Јунајтед: Не е доволно, не треба да се задоволуваме со тоа

Објавено

на

Дел од навивачите на Манчестер Јунајтед се задоволни со тоа како стои тимот оваа сезона во поглед на резулататите кои се остваруваат под водство на Солскјер.

„Ѓаволите“ во моментов се второпласирани во Премиер лигата и речиси сигурно имаат обезбедено пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, а се уште се активни и во Лига Европа каде според букмејкерите се и фаворити за освојување на трофејот.

Најдобриот фудбалер на Манчестер Јунајтед оваа сезона, Бруно Фернандеш истакна дека никој во клубот не треба да се залажува само со трофејот од Лига Европа и евентуалното второ место на табелата.

Бруно верува дека сегашниот Манчестер Јунајтед треба да се стреми за достигнување на резултатите кои во минатото клубот ги остваруваше кога на клупата седеше легендарниот Сер Алекс Фергусон.

– Никогаш не е доволно ако освоите само еден трофеј во овој клуб. Погледнете во минатото и ќе видите дека се освојувале многу трофеи. Секогаш е успех кога ќе освоите нешто затоа што ако освоиме нешто, значи дека сме направиле добро за нашиот клуб, но во исто време тоа треба да значи дека секогаш мора да се напредува, без оглед на тоа колку трофеи сте освоиле.

– И да освоевме четири трофеи оваа сезона повторно ќе мораше да напредуваме, а ако ја освоиме Лига Европа оваа година не смееме да бидеме задоволни затоа што мора да напредуваме, -изјави Бруно Фернандеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни