Поврзете се со нас

НБА

Бритни Спирс сакала автограм од Венбанјама, а добила нокаут од неговото обезбедување

Објавено

на

Foto:twitter.com/spurs

Виктор Вембанјама очекувано беше избран како прв пик на годинешниот НБА драфт и фановите со нетрпение ја очекуваат неговата прва сезона во најквалитетната кошаркарска лига во светот.

Популарноста на Французинот ги надмина границите за вниманието кое го добиваат идните НБА ѕвезди, а се чини дека Вембанјама можеби и загуби еден фан по инцидентот кој се случил во Лас Вегас.

Кошаркарот бил препознат од присутните во еден ресторан, по што се створила гужва, а во обидот да го привлече неговото внимание настрадала музичката ѕвезда Бритни Спирс.

Спирс го допрела Вембанјама за рамото, по што добила удар од член на обезбедувањето на кошаркарот, нешто што и сама го потврди во својата изјава на социјалните мрежи.

– Решив да му пријдам и да му честитам за големиот успех. Беше многу гласно, па го допрев по рамото за да му го привлечам вниманието. Тогаш член на неговото обезбедување ме удри по лице и ме зашемети, ми паднаа и очилата, – вели Спирс, која сега бара извинување од Вембанјама и неговиот тим.

Во својата верзија, кошаркарот вели дека почувствувал контакт, но ги следел насоките на обезбедувањето да не застанува, бидејќи очекувано се створила голема гужва околу него.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни