Поврзете се со нас

Англија

Бразилецот останува на „Енфилд Роуд“: Фабињо потпиша нов договор со Ливерпул

Објавено

на

Бразилскиот интернационалец Фабињо потпиша нов долгогодишен договор со англискиот великан Ливерпул.

Големиот борец кој може да покрие повеќе позиции на теренот се одлучи да стави потпис на нова соработка до 2026 година.

-Воодушевен сум што потпишав нов договор со клубот. Од почетокот на разговорите, јас бев навистина позитивен за тоа, бидејќи тоа е она што го сакав – да останам во овој клуб, да продолжам да играм за Ливерпул. Сега ова е официјално и јас сум навистина среќен.

-Последните три сезони бев навистина среќен. Научив многу со менаџерот, со целиот персонал, како и со момците. Заеднички постигнавме многу работи и мислам дека ова е најдоброто место за да се биде, најдоброто место за да напредок, да се учи од стручниот штаб, од момците. Се надевам ќе продолжиме да постигнуваме добри работи, -порача Фабињо кој дојде во премиерлигашот од Монако во 2018 година.

Тој за „црвените“ одигра 122 натпревари и освои титули во ПЛ, ЛШ и Супер Купот на УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни