Поврзете се со нас

Балкан

Бошко Ѓуровски за својот помлад брат: Милко можеше да стигне до Реал Мадрид

Објавено

на

Бошко Ѓуровски во своето обемно интервју за српски „Курир“ ги открил деталите за контроверзниот трансфер на неговиот брат Милко од Црвена Звезда во Партизан.

Помладиот Ѓуровски бил миленик на фановите на „црвено-белите“, но поради неисполнети ветувања од раководството, во 1986 година ја шокира југословенската јавност со трансфер во најголемиот ривал Партизан.

Навивачите на Звезда никогаш не му го простија потегот, а Бошко Ѓуровски објаснува како дошло до тој момент.

– Двајцата ја сакавме многу Црвена Звезда, така сме воспитани. Милко замина во Партизан од инает и тоа е вистината. Клубот не му додели стан, јас добив, а тој не, Милко сакаше да бидеме заедно, но беше и нетрпелив. Му дадоа збор, но веројатно требаше да сочека уште малку.

– Партизан го врбуваше, го одведоа во Прага, му дале 150.000 марки, многу пари во тоа време. Никој, па и јас, не знаеше каде е тогаш Милко, а откако се врати доби и наместен стан, додека самиот си купи Бе-Ем-Ве. Го направи тоа како некој вид освета кон Владимир Цветковиќ и Драган Џајиќ, одговорните во Црвена Звезда. Кога дознав дека работата е завршена, плачев во нивната канцеларија, а тие не знаеја што да направат. Мислам дека погреши, – открива Ѓуровски.

– Имавме братски однос, но бевме целосна спротивност и на теренот се нервирав многу со него. Ќе ја загуби топката и застанува, се влече. Јас му довикувам, тој одмавнува со рака. И потоа ќе даде два гола и навивачите ќе полудат и го сакаат повеќе од мене. Жал ми е што не му беше попосветен на фудбалот, имаше голем талент, да беше посериозен ќе играше во Реал, – изјавил Бошко Ѓуровски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни