Поврзете се со нас

Германија

Борусија соопшти дека договорила замена за Алер

Објавено

на

Борусија Дортмунд победи во дербито со Баер Леверкузен и со триумф ја отвори новата сезона, но „милионерите“ денеска потврдија дека стартот на кампањата не значи и крај на операциите во летниот преоден рок.

Германскиот великан не означува крај на трансфер пазарот, а денеска излезе со соопштение дека е пронајдена замена за Себастијан Алер, кој за жал ќе мора да оди на долга пауза откако му беше дијагностициран рак.

Најскапото засилување на Борусија ќе мора да се бори со подмолната болест, па додека да ја добие најважната битка, неговото место во тимот ќе го пополни играч на Келн.

Себастијан Кел како спортски директор на Борусија денеска информираше дека клубот постигнал договор со Антони Модест, кој ќе биде промовиран откако ќе ги мине лекарските прегледи.

– Постигнавме вербален договор со Келн за трансфсер на напаѓачот Антонио Модест. Медицинските тестови се следни и дотогаш нема да откриваме детали од договорот, – порача Себастијан Кел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни