Поврзете се со нас

Лига на нации

Бисерот на Барселона влезе во историјата: Гави даде гол и собори рекорд (ФОТО)

Објавено

на

Селекцијата на Шпанија не успеа да слави ниту во вториот натпревар во Лигата на нации, односно по втор пат одигра без победник со тоа што овојпат тоа беше со Чешка во Прага (2-2).

Домаќините двапати водеа, гостите двапати се враќаа, а еден од тие голови на Шпанците беше дело на Гави со што беше испишана нова историја. Имено бисерот на Барселона со 17 години и 304 дена стана најмладиот стрелец во историјата на „црвената фурија“ односно успеа за само неколку денови да го надмине соиграчот Ансу Фати кој во 2020 година стрелаше против Украина со 17 години и 311 денови.

Инаку Гави ги одигра сите 90 минути што е уште една потврда дека селекторот Луис Енрике има огромна доверба во него иако се уште е тинејџер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни