Поврзете се со нас

Формула 1

Биното по ужасните квалификации на Ферари: Очекувам инжинерите да откријат што недостасува

Објавено

на

Формула 1 трката во Белгија не носи голем оптимизам во таборот на Ферари, чија катастрофална сезона продолжи и со вчерашните квалификации.

Себастијан Фетел и Шарл Леклер се изборија за 13 и 14 место во стартната формација, што значи дека ги очекува жестока битка да освојат бодови на патеката Спа.

Реакција дојде и од тимскиот шеф Матија Биното, кој потврди дека болидите имале полоши перформанси од претходните квалификации.

– Има нешто што недостасува овој викенд, очекувам инжинерите и техничарите да утврдат за што се работи. Ова е истиот болид од претходните трки, па по ваков резултат јасно е дека нешто не е во ред.

– Слабите времиња влијаеја и на самодовербата на возачите кои останаа без оние десетинки кои вообичаено ги добиваат со мотивацијата која ја имаат. Нашиот болид обично е побрз на трките, па мислам дека имаме шанси да се бориме за добар резултат, – истакнал Биното.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни