Поврзете се со нас

Италија

Билја: Со солзи си заминав од Милан, навивачите на Лацио…

Објавено

на

Поранешниот аргентински репрезентативец, Лукас Билја проговори отворено за двете негови епизоди во италијанскиот фудбал во Милан и Лацио.

Големиот борец од 2014 до 2020 година ги бранеше боите на „црвено-црните“, додека пак претходно четири години беше дел од клубот од „Олимпико“.

-Бенасер играше постојано во минатата сезона, беше прв избор на Пиоли и немав проблем со тоа. Јас со солзи си заминав од Милан, -истакна Лукас кој потоа проговори за Лацио.

-Не ги заслужив навредите и критиките од навивачите на Лацио пред да го напуштам клубот. Тие ме повредија затоа што секогаш коректно се однесував. Еден ден Таре дојде да ме гледа во Белгија и ми кажа дека еден ден ќе станам плејмејкер на Лацио.

-Одбив понуда од врвен европски клуб пред да заминам во Милан, не можам да кажам за кого се работи, ама не заслужив да ме нарекуваат платеник. Мојот нов договор со Лацио беше меѓу најдолгите во клупската историја. Потоа го избрав Милан затоа што сакав нов предизвик. Што е проблемот? , -рече Аргентинецот кој сега игра во Турција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни