Поврзете се со нас

Англија

Биелса заминува од Лидс, познат тренерот кој веројатно ќе го наследи

Објавено

на

Легендарниот Марсело Биелса нема да ја издржи негативната серија резултати и по поразот од Тотенхем веројатно ќе го напушти кормилото на Лидс Јунајтед.

Англиските медиуми јавуваат дека убедливиот пораз од 4:0 од тимот на Тотенхем ќе значи и крај за Марсело Биелса на клупата на тимот со кој минатата сезона стигна дури до деветтото место на табелата.

Според Фабрицио Романо, во моментов двете страни разговарале за начинот на кој ќе биде прекината соработката.

Од Лидс веќе ја започнале потрагата по нов тренер, а таа запрела на Џеси Марч кој веднаш би бил интервјуиран за тренерската позиција.

Марч е тренер кој во својата кариера главно ги водел тимовите кои се под покровителство на „Ред Бул“.  Три години се задржал на клупата на Њујорк Ред Булс, потоа бил тренер и на Ред Бул Салцбург, за последен негов клуб да биде Бундеслигашот, Лајпциг.

Освен во овие клубови, Марч има работено и како асистент во селекцијата на САД, како и во тимот на Монтреал Импакт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни