Италија
Берлускони јавно го прозва Галијани по победата над Јувентус: Следниот чекор е многу голем

Силвио Берлускони во јавното обраќање кое го имал пред фудбалерите и Адријано Галијани не зборувал за проститутките кои им ги вети на првиот тим пред крајот на 2022-ра година, а во посериозниот говор кој го одржал во тренинг комплексот на Монца, како главна цел си поставил навистина огромно достигнување.
По победата која ја оствари неговиот тим над Јувентус, цела италијанската јавност зборуваше за автобусот полн со проститутки кој го вети доколку се забележи триумф над еден од великаните, но Берлускони сега почувствувал дека е вистиснко време дополнително да се зголемат амбициите кај фудбалерите.
– По доаѓањето на Паладино како тренер, ние сме петти на табелата, имаме освоени исто бодови како Милан. Монца треба навистина да верува, сите треба да веруваме во себе.
– Сакаме да станеме поважни од тоа што сме и можеме да му го кажеме на Адријано Галијани следното: Сакаме да го освоиме Скудетото, наредната година или годината после тоа. Тоа е следниот голем чекор.
– Во Монца донесовме нови играчи, донесовме модерен спортски центар, Монцело сега е најголем и најубав спортски центар во Италија. Кога дојдовме имаше само 300 гледачи на трибините, сега има 10 илјади. Тоа што го напишавме над соблекувалната треба да го спроведеме сега. Секој што верува во победа ги надминува сите пречки, мора да ја направиле Монца голема, – порачал Берлускони.
-
Македонијапред 13 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Лига на шампионипред 10 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Германијапред 22 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 21 час
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 23 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Италијапред 17 часа
„Кориере“: Мурињо донесе конечна одлука, знае каде ќе работи наредната сезона